„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Прокредит банка

03.07.2014 10:37

Зголемувањето на оценката на долгорочниот рејтинг на Прокредит банка АД Скопје е резултат на зголемениот рејтинг на матичната компанија Прокредит Холдинг...

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch Ratings) во 2014 година, го зголеми  долгорочниот кредитен рејтинг на Прокредит банка АД Скопје од „ББ+“  на „БББ-“.  
 
Зголемувањето на оценката на долгорочниот рејтинг на Прокредит банка АД Скопје е резултат на зголемениот рејтинг на матичната компанија Прокредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија, која е доминантниот сопственик на Прокредит банка АД Скопје.  Поддршката од акционерите во значајна мерка има влијание преку заедничкото присуство на брендот, интеграцијата на банката во рамки на групацијата, и навременото обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност кои придонесуваат за позитивните резултати на банката во Македонија.
 
Од 2005 година, aгенцијата „Фич“ редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката каде постојано се забележува пораст на оценките за различни параметри.