МНР
Амбасадорот Фрчкоски на косултации
07.07.2024 14:57
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го повика на консултации македонскиот амбасадор во обединетите нации Љубомир Фрчкоски...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го повика на консултации македонскиот амбасадор во обединетите нации Љубомир Фрчкоски.
Во јавноста испливуваат информации за ваквиот потег на ресорот. Порталот МКД.МК споменува три причини: наводна злоупотреба на службената картичка за авионски билети, непочитување на препораките од претходниот шеф на дипломатијата Османи, како и немање евиденција за парите од продажба на имотот што и припаѓа на земјава од поранешна Југославија.
Од МНР не коментираат, само наведуваат дека се применува Законот за надворешни работи.
