Почувствуван земјотрес Охрид и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почувствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија.
