Македонија

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

07.07.2024 16:40

Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за мобилната, кабелската телевизија и интернет услугите ќе поевтинат...

Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за мобилната, кабелската телевизија и интернет услугите ќе поевтинат.

„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните“, напиша министерот за транспорт, Александар Николоски.