Правила за чување брашно
Магацините за чување на брашно со прецизни услови за безбедно складирање. Во нив не смее да има друг прехранбен производ или стока што би влијаела штетно врз квалитетот или хигенската исправност...

Магацинот за брашното треба да биде изграден од цврст материјал, да нема влага, лесно се одржува и да има соодветна потребна опрема.
Температурата да се оддржува на 25 целзиусови степени.
Амбалажата во која се пакува брашното мора да биде во квалитетни вреќи од јута, платно или хартија со декларација.
Брашното во рефус може да се пушта во промет ако има документи и се транспортира со безбедена заштита од надворешни временски влијанија.
Со новите правила целта е да се добие квалитетно брашно, особено што најголем дел од загадувањето со микроорганизми настанува со несоодветното чување и пакување на брашното.
Методија Трајков
