Франција
Драматичен пресврт на изборите во Франција
07.07.2024 20:49
Изненадување во вториот круг на парламентарните избори во Франција. Левицата е пред блокот на Ле Пен...

Изненадување во вториот круг на парламентарните избори во Франција. Левицата е пред блокот на Ле Пен. Излезните анкети покажуваат дека најмногу гласови добил левичарскиот Нов народен фронт, блокот околу Макрон завршил како втор, а крајната десница која беше најдобра по првата рунда е на трето место.
Проценките се дека лево-зелена коалиција освоила од 172 до 192 пратенички места, Макрон и сојузниците 150 до 170 места, а Националниот собир на Марин Ле Пен од 132-152 места.
Меланшон слави победа, Ле Пен ќе чека подобри денови. Гласањето помина со рекордна излезност, највисока во последните четири децении.
