ОЈО

Истражна постапка за скопјанец, осомничен за илегална продажба на кокаин

07.07.2024 21:49

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава. На 6 јули, во вечерните часови, ставил 13 полиетиленски пакувања кокаин со вкупна нето маса од 5,09 грама во багажниот простор под седиштето на својот моторцикл и во отвори со гумен капак, информираат од ОЈО и додаваат:

-Полициски службеници го затекнале додека со моторциклот се движел во Градскиот парк, пред стадионот на АРМ и при преглед на превозното средство ја откриле дрогата и парични средства – 3.000 евра и 5.000 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.