Безбедност

Самит на НАТО во Вашингтон, македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски

08.07.2024 08:44

Клучни теми-зајакнување на одбраната и на политиката за одвраќање, поддршка за Украина и глобалните партнерства на сојузот...

Од вторник до четврток во Вашингтон се одржува Самитот на НАТО. Клучни теми-зајакнување на одбраната и на политиката за одвраќање, поддршка за Украина и глобалните партнерства на сојузот. Македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски, со кого се и министрите Муцунски, Мисајловски и Тошковски.

Постои можност за средба со грчкиот премиер Мицотакис, откако Атина го отвори прашањето за почитувањето на Преспанскиот договор.