Францускиот Нов народен фронт освои најголем број места од предвремените парламентарни избори
Францускиот Нов народен фронт освои најголем број места во последниот круг од предвремените парламентарни избори, оставајќи ги зад себе центристичкиот табор на претседателот Макрон и екстремно десничарскиот Национален собир...

Францускиот Нов народен фронт освои најголем број места во последниот круг од предвремените парламентарни избори, оставајќи ги зад себе центристичкиот табор на претседателот Макрон и екстремно десничарскиот Национален собир, кој заостанува на третото место.
„Пред сè, претседателот мора, или да си замине, или да избере премиер од нашите редови. Уставот му дава едни права на Претседателот, други на премиерот, така што и двајцата ќе мора да се договорат за, на пример, да ја признаат државата Палестина, што е можно поскоро“, изјави Жан-Лук Меланшон, лидер на француската крајно лева партија.
„Франција ќе биде целосно во ќор-сокак со три групи со приближно еднаква бројка во Националното собрание. Ќе изгубиме уште една година, уште една година илегална миграција, губење на куповната моќ, уште една година несигурност“, изјави Марин Ле Пен, лидер на партијата Национален собир.
Резултатите од изборите ја оставија земјата без јасен кандидат за премиер. Премиерот Атал за денеска најави оставка. Француската полиција во синоќа со солзавец ја растера толпата во Париз и Нант на изборната ноќ, иако собирите беа главно мирни низ целата земја.
