Израел

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за да се вратат заложниците кои ги држи Хамас

08.07.2024 09:08

Хамас го чека одговорот на Израел на неговиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа ...

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив, повикувајќи го премиерот Нетанјаху да поттикне договор за прекин на огнот што би можел да ги врати заложниците кои ги држи Хамас.

„Членови на моето семејство беа киднапирани на 7 октомври под надзор на Биби Нетанјаху. Сега тоа е негова одговорност, девет месеци губи време. Бараме договор сега. Тоа е единствениот начин“, изјави демонстрант.

Хамас го чека одговорот на Израел на неговиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа. Израелскиот премиер вели дека договорот мора да му овозможи на Тел Авив да продолжи да се бори додека не ги постигне воените цели. Обединетите Нации предупредуваат дека масакрот во Газа може да се запре само со наметнување мир на Израел.

Министерот за одбрана Јоав Галант изјави дека прекинот на огнот во Газа нема да ја запре борбата против Хезболах.