Дипломатија

Фрчкоски најави повлекување од функцијата

08.07.2024 09:18

Тој обвини дека се прават конструкции за негово отстранување и ги отфрли наводите за неправилности при извршувањето на функцијата...

Македонскиот амбасадор во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, најави повлекување од функцијата – вели, нема потреба Министерството за надворешни работи да „измеќарува“.

Тој обвини дека се прават конструкции за негово отстранување и ги отфрли наводите за неправилности при извршувањето на функцијата.

Фрчкоски покажа документи дека добиените пари од сукцесијата на објектот на поранешна СФРЈ во Њујорк се префрлени во Буџетот. Негира злоупотреба на службена картичка за авионски карти, и објаснува дека имал итна медицинска интервенција во Македонија и бил на погреб на сопствениот брат, поради што привремено искористил пари од мисијата кои потоа ги вратил.