ЦУК

ЦУК: 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати

08.07.2024 09:37

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.795 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 60,11%, а 39,89% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.795 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 60,11%, а 39,89% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,69%, кон Итната медицинска помош 31,27%, a кон пожарникарите 11,21% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 729 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,83%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39,89%).

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината. Апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.