МВР
МВР забрзано работи на расветлување на убиството во Тетово
08.07.2024 09:42
Едно лице е задржано во полициска станица на информативен разговор. Извршени се претреси на три локации во село Гајре, при што се обезбедени предмети кои може да помогнат во случајот...

МВР забрзано работи на расветлување на убиството во Тетово. Едно лице е задржано во полициска станица на информативен разговор. Извршени се претреси на три локации во село Гајре, при што се обезбедени предмети кои може да помогнат во случајот.
Во операцијата е вклучена и крим-полицијата при Бирото за јавна безбедност. Се преземаат дополнителни мерки за пронаоѓање на осомничениот, кој ноќта во петокот, од возило во движење пукаше и го усмрти 39-годишникот, кој се наоѓал во својот автомобил.
