Контингент на АРМ заминува во мисија во Авганистан
Во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Arмијата на Обединетото Кралство каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул...

Нов армиски контингент од првата механизирана пешадиска бригада заминува во мисија во Авганистан. Во 17-тата ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествува со пешадиска чета, ќе заминат 150 припадници кои заедно со најстариот национален претставник ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.
Во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Arмијата на Обединетото Кралство каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интер-оперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите комадни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат највисоки оценки поради што уживаат висок рејтинг.
