Нови апарати во штипската болница

03.07.2014 11:42

За набавка на нов апарат штипската болница инвестираше два милиона денари. Апаратот е за потебите на хирургијата и драстично ќе го скарти времето за опареции. Дополнително ќе се штеди хируршки материјал ...

Штипската болница набави генератор за фузионирање на крвни садови, со чија примена ќе се скрати времето за операции за половина.

„Операциите со новиот апарат ќе придонесат за заштеда на ткиво, заштеда на крварење, заштеда на потрошен материјал како што се конци, игли и гази, како и заштеда на оперативното време со што се добива можност пациентот да не мора да остане во оперативната сала, да се скрати потребата и за анестезија, како и да се зголеми бројот на операции со овој инструмент“, изјави д-р Александар Стојановски, директор на Клиничка болница – Штип.

Освен Одделението за хирургија новиот софистициран апарат ќе можат да го коиристат и другите оперативни гранки.

„Овој апарат може да се користи и во лапараскопската хирургија, а исто така и на гинекологија и хирургија“ , изјави  д-р Ѓорѓи Денков, началник на Одделението за хирургија – Штип.

Апаратот е вреден 2 милиони денари. Истиот болницата ќе го отплаќа во наредните шест месеци со издвојување на по 330.000 денари месечно.

„Овој апарат е купен со цел да се зголеми квалитетот на здравствените услуги на пациентите. Во континуитет се грижиме за зголемување на квалитетот, меѓутоа со овој апарат ќе се овозможи зголемување и на квантитетот на пружање на здравствените услуги“,  потенцира Елизабета Папарова, економски менаџер на Клиничка болница – Штип.

Од септември, болницата најавува распишување на нов тендер за набавка на опрема, а предност ќе имаат апарати за потребите на анестезиологија кои се едни од најдефицитарните во болницата.

 

Оливера Жежова