Свет
Нов напад врз Газа, десетици загинати
08.07.2024 11:24
На дипломатски план, Хамас го чека одговорот на Израел за предлог за примирје.

Десетици загинати цивили во нов напад врз Газа. Колони израелски тенкови и натаму се во центарот на градот.
На дипломатски план, Хамас го чека одговорот на Израел за предлог за примирје. Израелскиот премиер вели дека договорот мора да му овозможи на Тел Авив да продолжи да се бори додека не ги постигне воените цели.
Илјадници луѓе протестираа синоќа во Тел Авив. Бараат премиерот Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот што би можел да ги врати заложниците.
