Свет

Орбан ја пофали иницијативата на Кина

08.07.2024 11:32

Кси ги повика светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог.

По патувањето во Русија и Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан, во Пекинг на средба со претседателот Кси Џинпинг.

Орбан ја пофали иницијативата на Кина за постигнување мир и го опиша Пекинг како стабилизирачка сила во услови на глобални турбуленции.

Кси ги повика светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог.

Унгарија од први месециов, го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија.