Сообраќајна несреќа

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа

08.07.2024 12:46

Вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгуби дваесет и три годишно лице од битолското село Горно оризари. Сообраќајката се случила помеѓу автобус со турски регистарски таблички и мотоциклистот, а возачот на автобусот е приведен...

Невнимателното возење однесе уште еден човечки живот. Вчера во 19 часот и 40 минути, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид-Ресен на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случи сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од 68 годишниот М. А од Турција и мотоцикл „Сузуки“ без регистарски таблички, управуван од 23 годишниот П.Т. од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот.

Со цел да се намали бројот на сообраќајни незгоди во текот на летото СВР Охрид веќе презема мерки во рамките на кампањата „Безбедно лето, при што полициските службеници ќе вршат 24 часовни засилени контроли во централното градско подрачје, приградските населби, патиштата што водат до плажите и особено на автопатот во изградба Кичево – Охрид.

 

Сашо Нелоски