Култура и туризам

Со регионална соработка против недозволената трговија со културни добра

08.07.2024 13:48

Неретко наше културно наследство завршувало на црните пазари. Со сличен проблем се соочуваат и други држави. Земјите од регионот најавуваат соработка против недозволената трговија...

Македонија е позната по богатата историја и култура, но, културните добра се ранливи и предмет на кражби и на нелегална трговија. Неретко наше културно наследство завршувало на црните пазари. Со сличен проблем се соочуваат и други држави. Земјите од регионот најавуваат дека заеднички ќе соработуваат за спротивставување и враќање на украдените и нелегално изнесени предмети.

Кога ќе изгубиме културно добро, го губиме клучот да разбереме кои сме и од каде сме.

За подобро справување со кражбата на културното наследство е неопходно да се подигнат капацитетите на државата.

 

Александра Спировска