РКЕ

Ново поскапување на горивата од полноќ

08.07.2024 14:07

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за новите цени на горивата. Има поскапување на сите деривати.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за новите цени на горивата. Има поскапување на сите деривати.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продаваат по цена од 84 денари, односно 86 денари.

ЕУРОДИЗЕЛОТ поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 77 денари.

Цената на екстралесното масло се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава 75,5 денари. Расте и цената на мазутот за 0,6 денари, и од утре ќе е продава за 48,6 денари по килограм.