Национална конвенција за ЕУ

Реформи на полицијата за приближување кон ЕУ

08.07.2024 14:30

Различни мерки и постапки се потребни да спроведе нашата земја за да се подготви за европското семејство. Довербата во полицијата од страна на граѓаните е една од нив…

Потребна е поголема професионалност, интегритет, транспарентност и отчетност за полициското работење за зголемување на довербата кај јавноста, посочија од Националната конвенција за ЕУ. Иако има подобрување, со децении се провлекува проблемот со партизација на полицијата.

Полицијата треба да биде сервис на граѓаните, а не да дава одговори дека не е надлежна за одредени проблеми, сметаат експертите.

Странските експерти за полициско работење оценуваат дека сè уште има корупција во полицијата.

Спојувањето на двете разузнавачки агенции во една како предлог на новата Влада може да придонесе за подобро работење, но треба добро да се спроведе, посочуваат експертите за безбедност.

 

Ирина Гелевска