Свет
Земјотрес од 5,5 степени според Рихтер на границата меѓу Панама и Костарика
08.07.2024 15:22
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на границата меѓу Панама и Костарика, соопшти Германскиот истражувачки центар за геофизика...

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на границата меѓу Панама и Костарика, соопшти Германскиот истражувачки центар за геофизика.
Земјотресот, како што наведуваат од центарот, бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
