Расте разочараноста на пелагониските земјоделци
И по дваесетина дена од почетокот на жетвата на пелагониските откупни пунктови нема голема гужва. Додека младите земјоделци апелираат дека актуелните случувања деструктивно делуваат и врз така скромниот подмладок повозрасните прашуваат зошто и при ниски откупни цени лебот поскапува. Велат зарем нашите трошоци се помали од трошоците на мелничко-преработувачки капацитети.

Како жетвата на пченицата добива на динамика, така расте разочараноста на земјоделците од откупната цена од десет денари за килограм лебно зрно.19-годишниот Благојче Петровски убеден е дека актуелната состојба негативно ќе влијае врз и така скромниот земјоделски подмладок.
Земјоделците кој целиот работен век го поминале на нивите, велат дека можат да сфатат што значат берзанските цени, но никако како со години да се нема цврста стратегија за стратешката култура и како може мелничарите да го поскапуваат лебот кога цената на основната сировина е иста. Прашуваат дали нивните производни трошоци се помали.
Во вакви услови евидентна е збунетоста на пелагониските земјоделци.
Дали ваквите чувства барем малку ќе се изменат ќе се почувствува по утрешната посета на ресорниот министер Трипуновски, што беше и главниот повод за еден ден да се пролонгира денешниот најавен протест.
Стевче Митревски
