Кисела Вода започнува со имплементација на проектот за „смарт“ осветлување
Советот на Општина Кисела Вода денеска донесе одлуката за имплементација на физибилити студијата за модернизација на јавното осветлување во Кисела Вода, кој треба да донесе огромни придобивки за сите наши жители...

Советот на Општина Кисела Вода денеска донесе одлуката за имплементација на физибилити студијата за модернизација на јавното осветлување во Кисела Вода, кој треба да донесе огромни придобивки за сите наши жители.
Се работи за инсталација на паметни светилки на територијата на целата општина со нова технологија која има за цел паметно и штедливо управување со електричната енергија. Дополнително, со ова заминуваат во историјата проблемите со уличното осветлување, бидејќи онаа стара, нефункционална и дотраена мрежа комплетно ќе биде променета. Ако се земе предвид дека уличната мрежа придонесува со огромен процент на сметките за електрична енергија, со оваа нова технологија која за кратко време започнуваме да ја инсталираме, сметките значително ќе бидат намалени, овозможувајќи значајни придобивки за нашите жители – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Со реализацијата на овој проект ќе се воведат и бесплатни „Wi-Fi“ зони на територијата на општината, полначи за електрични автомобили како и информативни дигитални дисплеи.
