Украина
Во Киев е прогласен ден на жалост
08.07.2024 20:51
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи 9-ти јули за ден на жалост по смртоносните напади на главниот град...

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи 9-ти јули за ден на жалост по смртоносните напади на главниот град.
Сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на институционалните згради низ градот, објави тој на Телеграм, а сите забавни настани се откажани.
Најмалку 20 луѓе загинаа во главниот град, вели Кличко, а речиси 100 се ранети.
