Временска прогноза
Сончево и многу топло со температури до 39 степени
09.07.2024 08:11
Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
