Сообраќај

Се чека одлука на приватните превозници дали ќе возат

09.07.2024 08:26

Повеќе од една недела револтирани поради, како што велат, неисплатен долг од ЈСП за гориво, возат само до 11 часот, а потоа автобусите ги паркираат во гаража...

Дел од приватните превозници треба да донесат одлука дали се враќаат на скопските улици и по 11 часот, или ќе има порадикални мерки. Повеќе од една недела револтирани поради, како што велат, неисплатен долг од ЈСП за гориво, возат само до 11 часот, а потоа автобусите ги паркираат во гаража.

Очекуваат средба и со новиот директор на ЈСП бидејќи, како што велат, единствен проблем се финансиите.

Од јавното претпријатие негираат дека долгот надминал 2 милиона евра, како што тврдат приватните превозници. Граѓаните очекуваат дека решение за проблемот во јавниот превоз конечно ќе се најде.