Украина

Реакции по смртоносниот напад врз Киев

09.07.2024 08:37

Обединетите нации и САД го осудија последниот напад на Русија врз Украина врз детската болница во Киев и неколку градови низ земјата...

Обединетите нации и САД го осудија последниот напад на Русија врз Украина врз детската болница во Киев и неколку градови низ земјата. Во најсмртоносното гранатирање во изминатите неколку месеци загинаа над 30 цивили.

„Директните напади врз цивили и цивилни објекти се забранети со меѓународното хуманитарно право и сите такви напади се неприфатливи и мора веднаш да запрат“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ООН.

„Ова се локации кои не служат за никаква воена цел. Тоа е цивилна инфраструктура која не може, не треба и не смее да биде цел на воени напади. Но, уште еднаш, видовме дека Путин намерно ја напаѓа цивилната инфраструктура како дел од неговата крвава војна против Украина“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Претседателот Зеленски, вели дека нападите била насочени кон пет украински градови со повеќе од 40 проектили од различен тип. Воздухопловните сили објавија дека пресретнале 30 проектили.