САД

Бајден не се откажува од трката за претседател

09.07.2024 08:37

Американскиот претседател Џо Бајден цврсто се спротивстави на повиците да ја повлече кандидатурата за втор мандат и повика на прекин на внатрепартиската драма...

Во писмо до демократите во Конгресот, американскиот претседател Џо Бајден цврсто се спротивстави на повиците да ја повлече кандидатурата за втор мандат и повика на прекин на внатрепартиската драма. Подоцна и во ТВ – обраќање во рамки на утринска програма, претседателот на САД истакна, „Не одам никаде“.

„Фрустриран сум од елитите, во Демократската партија кои повикуваат да се повлечам од трката. Ако некој мисли дека не треба да се кандидирам – трчајте против мене. Заклучокот овде е дека нема да одиме никаде. Јас не одам никаде“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Одредени демократи веруваат дека кандидатурата на Бајден ќе ги загрози шансите на партијата на ноемвриските избори и ќе го направи поверојатно враќањето на Трамп во Белата куќа.