Хаити

Во Хаити мисија за враќање на контролата на земјата

09.07.2024 08:42

Стотици неодамна распоредени кениски полицајци, работат на ослабување на контролата на бандите...

Шефот на мисијата на ООН за поддршка на мултинационалната безбедност на Хаити, ја потврди посветеноста на мисијата да го спречи насилството на бандите и да обезбеди демократски избори. Стотици неодамна распоредени кениски полицајци, работат на ослабување на контролата на бандите.

„Целта е да обезбедиме враќање на мирот на Хаити и ние имаме намера да го постигнеме тоа. Целата национална територија мора да биде под контрола на власта на државата. Сите места, целата земја ќе бидат обновени, ние го гарантираме тоа“, изјави Нормил Рамео, началник на Националната полиција на Хаити.

Ситуацијата на Хаити се влоши во февруари кога бандите почнаа координирани напади врз владината инфраструктура, по што премиерот Ариел Хенри поднесе оставка во април.