ЦУК

Локализиран пожарот близу фабрика во Прилеп

09.07.2024 08:52

Спасени се фабрика и околни објекти во реонот на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи...

Локализиран опасниот пожар зад објектите на прилепската територијалната противпожарна единица. Спасени се фабрика и околни објекти во реонот на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи. Горела сува трева, но поради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност да се прошири и да зафати фабрика и други објекти.

Од огнените јазици било зафатено и едно противпожарно возило.