КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Ким Јо-Џонг ѝ се закани на Јужна Кореја поради воените вежби со боево гаѓање

09.07.2024 08:57

Таа ја обвини конзервативната Влада на Јужна Кореја дека намерно ги ескалира тензиите како начин да се избегне внатрешна политичка криза...

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо-Џонг ѝ се закани на Јужна Кореја поради воените вежби со боево гаѓање во близина на нејзините копнени и поморски граници. Ким Јо-Џонг вели дека Сеул ќе се соочи до страшна катастрофа. Таа ја обвини конзервативната Влада на Јужна Кореја дека намерно ги ескалира тензиите како начин да се избегне внатрешна политичка криза.

Од јужнокорејското Министерство за обединување велат дека изјавите имаат за цел да направат поделби.