Ѓоковиќ обвини дел од публиката за недостаток на почит по победата над Руне
„До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, тоа сум јас, имајте добра ноќ, многу добра ноќ“, изјави Ѓоковиќ во интервју на теренот.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека публиката на централниот терен на „Вимблдон“ му покажала непочитување при победата над Данецот Холгер Руне.
„До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, тоа сум јас, имајте добра ноќ, многу добра ноќ“, изјави Ѓоковиќ во интервју на теренот.
Не можам да го прифатам тоа. Знам дека го поддржуваа Руне, но тоа беше изговор да бидам исвиркан. Видете, јас сум на теренот повеќе од 20 години. Верувајте ми, знам како функционира, додаде Ѓоковиќ.
За пласман во четвртфиналето, освојувачот на 24 Гренд слем титули го надмина противникот со 6:3, 6:4, 6:2.
