Ѓуриќ ја продолжи соработката со Вардар

09.07.2024 09:38

Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.

Фудбалерот Дејан Ѓуриќ официјално ја продолжи соработката со ФК Вардар.

Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.

„Вардаровиот дефанзивец денес потпиша договор на една година и се надеваме дека во периодот што следува, ќе успее уште повеќе да придонесе кон остварувањето на целите кои пред себе ги има поставено големиот Вардар“, соопштија од „црвено-црниот“ тим.