Економија

Деспотовски ја поздрави новата инвестиција на „Вабтек“

09.07.2024 10:16

Повеќе од две години со тимот од тирз работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните- вели Деспотовски...

Заслужува да се поздрави решеноста на Владата „да пресече“, и оваа инвестиција, која е важна за сите граѓани, да се случи, напиша на својот Фејсбук-профил Јован Деспотовски од СДСМ и поранешен директор на ТИРЗ.

„Повеќе од две години со тимот од тирз работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде што добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато“, напиша Деспотовски на Фејсбук.