Македонија- САД

Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон

09.07.2024 11:12

На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со САД. Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција, соопштуваат од владината прес- служба...

Премиерот Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон. Како што соопштуваат од владината прес- служба, вчера заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.

На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.

„Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња“, истакна Мицкоски.

Воедно беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.