САД

Тропска бура во Тексас, најмалку шест лица загинаа

09.07.2024 11:22

Повеќе од 2,7 милиони потрошувачи останаа без струја во тропската бура „Берил“ во југоисточниот дел на американската сојузна држава Тексас. Најмалку шест лица загинаа...

Најмалку шест лица загинаа во тропската бура „Берил“ во југоисточниот дел на американската сојузна држава Тексас. Повеќе од 2,7 милиони потрошувачи останаа без струја.

Гувернерот на Тексас вели дека 10 далноводи се во прекин и ќе бидат потребни неколку дена за да се врати напојувањето. Надлежните ги повикаа граѓаните да останат дома.

Авиокомпаниите вчера откажаа повеќе од 1.300 летови поради невремето, а властите наредија евакуации во крајбрежните градови.