Македонија

Жител на велешко Бањица каснат од змија додека миел раце во двор

09.07.2024 12:23

Од велешката болница велат пациентот е надвор од животна опасност. Ова е трето каснување од змија за десет дена во велешко...

Понеделникот навечер жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија. Според неговото кажување тоа било поскок. Настанот се случил околу 20:50 часот кога отишол да се измие во чешмата од семејниот двор, јавува дописникот на МРТ од Велес.

Од велешката болница велат пациентот е надвор од животна опасност.

Ова е трето каснување од змија за десет дена во велешко. На 28-ми јуни, две лица кај селото Војница беа каснати од една змија откако при работа на лозје наишле на змиско гнездо.