Празнеле кредитни картички: Уапсени 10-тина хакери, тројца во притвор
03.07.2014 13:07
Првоосомничен е прилепчанец кој на конто собрал речиси 100 илјади евра и исто толку долари...

10-тина хакери се уапсени, тројца завршија во притвор. Групата организирано креирала лажни веб страни идентични на оригиналните, крадела лични податоци од граѓаните.
Измамените луѓе мислејќи дека купуваат производи од вистинското место давале броеви од кредитните картички кои осомничените незаконски ги празнеле.
Првоосомничен е прилепчанец кој на конто собрал речиси 100 илјади евра и исто толку долари.
МВР не ги уапсила по пријава на оштетените, туку според оперативни сознанија.
Наташа Гркова- Петрушевска
