Идниот викенд ќе се одржи 61-то издание на „Галичка свадба“
61 – во издание на „Галичка свадба“ ќе се одржи нареден викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски …
Следниот викенд Галичник, средиштето на мијачијата, ќе ечи од тапаните и пиштење на зурлите. Љубовта уште еднаш ќе биде мотив за сватовите да заиграат. Судбоносното „да“ во живописниот Галичник ќе го кажат невестата Стефана и младоженецот Даријан.
Галичник е подготвен на сите посетители и годинава да им ја презентира богатата и уникатна традиција на која и се восхитуваат сите што ја запознале, велат организаторите.
Се очекува бројни гости од земјава и од странство да го посетат Галичник и да уживаат во традицијата. Да бидат дел од „Галичката свадба“ и да ги видат сите адети и обичаи.
Ана Јосифовска- Тодоровска
