Оваа Влада останува сојузник на земјоделците, порача Трипуновски
Наместо мирен протест пелагониските земјоделци на состанок со ресорниот министер. Трипуновски ги презентираше првите сет мерки, но и порача, доколку жетвата заврши нерентабилно според производната цена која ја пресмета институтот и е нешто под 14 денари, Владата ќе изнајде решение да им се помогне на земјоделците да не имаат големи загуби...

Набавка на 15.000 тони домашна пченица за стоковите резерви, стимулативна мерка за оние кој подолго сакаат да го складираат лебното зрно, и позасилена контрола на инспекторатот на откупните пунктови како се одвива откупот согласно со законските процедури се првите сет мерки кои ги презентира министерот Трипуновски. Тој нагласи дека нерентабилните жетвари ќе бидат помогнати, но за основа ќе се смета производната цена што ја пресметале експертите.
Земјоделците на кои оваа им е втора жетва по ред каде повеќе вложуваат отколку што печалат велат дека треба да надвладее разумот како треба пазарно да се третира стратешката култура за да есенските сеидбени планови не доживуваат негативни осцилации.
Засега лицата на земјоделците се тажни колку чувствата би се подобриле најточно ќе се почувствува по крајот на жетвата.
Стевче Митревски
