Прилеп

За 300% зголемен бројот на пожари во прилепско

09.07.2024 15:25

За 300 проценти е зголемен бројот на пожари годинава во прилепско, половината на отворен простор. На пожарникарите им недостасува кадар …

За 300 проценти годинава е зголемен бројот на пожарите во прилепско, половината на отворен простор. Тропското време со температури околу 35-тиот степен се опасност и за наредниот период.

Само во последното деноноќие, пожарникарите се бореа со три огнени стихии, од кои две во индустрискиот дел. Во опасност беа прилепските компании.

Прилепската противпожарна единица се бори и со недостигот од пожарникари. На располагање се 43, сега се ангажирани уште шест, но за Регионот се потребни уште 15-тина пожарникари. Во моментов нема активен пожар во прилепско.

 

Елизабета Митреска