Вашингтон

Средба Мицкоски – Рикер во Вашингтон

09.07.2024 18:00

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси.

-Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните, напиша на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација која е во официјална посета на САД, а ќе учествува и на Самитот на НАТО.