Македонија

ЕРТ: Можна средба Мицкоски-Мицотакис

09.07.2024 19:30

Според најавите од кабинетот на Мицотакис, како што објавува грчката национална телевизија ЕРТ, не се исклучува можноста за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски...

Сепак можна е средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер. Според најавите од кабинетот на Мицотакис, како што објавува грчката национална телевизија ЕРТ, не се исклучува можноста за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„На највисоко ниво на Самитот на НАТО, премиерот ќе го постави прашањето за провокативната реторика на политичкото раководство на Северна Македонија, ќе се повика на Договорот од Преспа, кој не се почитува и пред сè на прашањето за сложеното име „ерга омнес“, пишува ЕРТ.