Украина

Ден на жалост по смртоносниот напад врз Киев

09.07.2024 20:09

Во Украина ден на жалост по синоќешните руски ракетирања врз Киев во кои беше погодена детска болница и загинаа над 40 луѓе. Урнатините се расчистуваат, реакциите не стивнуваат. Советот за безбедност на состанок. Кремљ негира вмешаност...

Во Украина ден на жалост по синоќешните руски ракетирања врз Киев во кои беше погодена детска болница и загинаа над 40 луѓе. Урнатините се расчистуваат, реакциите не стивнуваат. Советот за безбедност на состанок. Кремљ негира вмешаност.

„Болниците имаат посебна заштита според меѓународното хуманитарно право. Намерното насочување напади врз заштитена болница е воено злосторство и сторителите мора да одговараат“, изјави Џојс Мсуја, в.д. заменик-генерален секретар за хуманитарни прашања.

„Ве повикувам да ја следите изјавата на Министерството за одбрана на Руската Федерација, која апсолутно исклучува дека имало напади врз цивилни цели. И во која се посочува дека станува збор за противракетен оган. Сè уште инсистираме да не напаѓаме цивилни цели“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Лидерите на алијансата убедени дека Путин испратил јасен сигнал пред состанокот на НАТО во Вашингтон. Пред пристигнувањето, германскиот канцелар ја повтори потребата да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од Русија.

„Германија го презеде водството и стави на располагање и трет систем „Патриот“ што е многу важно за воздушната одбрана што ние ја обезбедуваме за Украина. Се надевам дека ќе има повеќе системи „Патриот“ и од другите земји“, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија.