МВР

20 тони вода фрлени врз пожарот кај Делогожди

09.07.2024 20:25

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар во шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР...

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар во шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.

Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.