Словачка

Премиерот на Словачка се врати на работа два месеци по обидот за атентат

09.07.2024 21:06

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се вратил на работа во вторникот, речиси два месеци откако беше ранет од напаѓач...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се вратил на работа во вторникот, речиси два месеци откако беше ранет од напаѓач.

Фицо (59) беше застрелан на 15-ти мај во град во централна Словачка и беше подложен на две операции.

Напаѓачот, идентификуван од словачките медиуми како Јурај Цинтулу (71), е во притвор и го чека судењето.

Словачките медиуми јавуваат дека Фицо, кој често е критикуван од Европската унија за неговите националистички тенденции, дошол на состанокот на својата влада преку тунел за да ги избегне новинарите.