Регион

Црногорски министер имал сообраќајка кај Улцињ

09.07.2024 22:02

Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ...

Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ.

Ѓека е префрлен за помош во Итната помош во Улцињ.

Според полицијата, тој управувал службено возило кога налетал на автомобил со странски регистарски таблички.