Саркози тврди дека е жртва на политичко-судски заговор
Никола Саркози се обиде пред телевизиските камери да се прикаже како жртва на политичко-судски заговор, но 63 отсто од испитаните Французи не се убедени во тоа и сметаат дека судствто си ја врши својата работа...

Никола Саркози само што излезе од притворот, веднаш излезе пред телевизиските камери и се впушти во остар напад кон Елисејската палата и кон судиите, што беше следено од девет милиони гледачи на првиот канал на француската телевизија.
Саркози тврди дека е „невин“ и дека „судството е инструменатлизирано од страна на политиката“, дека тој „никогаш не направил дело спротивно на републиканските принципи или парвната држава“. Притоа, 15 часовниот притвор Саркози го оцени како „намера да биде понижен“.
Како одговор на овој остар напад на Саркози од редовите на владеачките социјалисти оценија дека Саркози сака да создаде нова афера, за да ја сокрие постоечката афера.
Весникот „Паризиен“ објави испитување на јавното мислење според кое 63 проценти од испитаните Французи не се убедени во одбраната на Саркози и сметаат дека судството кон поранешниот претседател се однесува како кон кој било обичен француски граѓанин.
