рибарство

Финансиска поддршка за порибување

10.07.2024 08:16

Финансиската поддршка рибарството за 2024 година е 90 милиони денари. Најголемиот дел од парите се планира да се искористат за потребите на аквакултурата и за преработка на рибите …

Со 90 милиони денари годинава ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од охридска пастрмка се предвидени 3 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 600 илјади денари.

За аквакултурата е предвидена финансиска поддршка од 26,7 милиони денари за 60 проценти од вложувањата, како и за порибителен материјал и инвестиции во преработувачките капацитети до 50 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.

Исплатата на парите е по принципот на кофинансирање по реализацијата на активностите.

Вкупната вредност на исплатените средства за инвестиции во аквакултурата не може да го надмине износот од 1,5 милиони денари.

Субвенцијата може да се зголеми од 55 до 65 отсто ако се работи за млад земјоделец, доколку носител на стопанството е жена или тоа се наоѓа во некое од неразвиените ридско планински подрачја.

Средствата предвидени со оваа програма се неповратни.

 

Методија Трајков